Луис Енрике: Би сакал Гвардиола да стане шпански селектор

Луис Енрике: Би сакал Гвардиола да стане шпански селектор

пред 3 години

Актуелниот селектор на Шпанија, Луис Енрике на прес-конференцијата за објава на составот за квалификациските мечеви за СП 2022, најави дека би сакал еден ден да го види својот поранешен соиграч Пеп Гвардиола на чело на „фуријата“.

Ова доаѓа откако вчера, Гвардиола најави дека по 2023 година ќе замине од Манчестер сити и ќе направи пауза од фудбалот по што би сакал да се обиде како селектор.

„Би го сакал тоа. Би сакал Гвардиола да стане селектор на Шпанија. Тоа би било совршено. Би сакал да видам шпанска репрезентација со негов печат на стилот на фудбалот. Мислам дека Шпанија не би можела да има подобар селектор“, вели Енрике.

Не е јасно дали Гвардиола би прифатил ваква позиција, и колку би донел за обединетоста на шпанската репрезентација познавајќи го неговото залагање за независна Каталонија.

Share
Scroll to Top