Луис Суарез пак спасител на Атлетико кај Хетафе

Луис Суарез пак спасител на Атлетико кај Хетафе

пред 3 години

Хетафе останува на последното место во шпанската Ла лига со шест порази во низа, откако дозволија да пропуштат 1:0 водство против шампионот Атлетико Мадрид во последните десетина минути од мечот, благодарение на фантастичниот Луис Суарез.

Хетафе немаа дадено гол против Атлетико во претходните 20 меѓусебни дуели, и последен пат го најдоа патот до мрежата на „рохибланкос“ во далечниот ноември 2011 година. Херој на Хетафе беше српскиот дефанзивец Стефан Митровиќ, кој покрај тоа што постигна гол во 45. минута од мечот, успеа да го заддржи на дистанца напаѓачкото дуо на Атлетико, Луис Суарез и Антоан Гризман во првото полувреме.

Сепак, Карлес Алена доби заслужен црвен картон во 74. минута за да ги остави домаќините во тешка позиција, и само четири минути подоцна Суарез стрелаше за израмнување за тимот на Диего Симеоне. Во 91. минута, Суарез, како мноногу пати минатата сезона, беше одлучувачкиот играч за големи три поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top