Лукаку: Во Наполи лажеа дека не сум подготвен за да ме бојкотираат

Лукаку: Во Наполи лажеа дека не сум подготвен за да ме бојкотираат

пред 5 часа

Ромелу Лукаку отворено зборуваше за турбулентниот период во Наполи и ја опиша 2025 година како најлошата во неговиот живот.

Белгискиот напаѓач речиси и да не играше минатата сезона, откако доживеа сериозна повреда на бутниот мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос во август 2025 година.

За време на неговото закрепнување следеа нови проблеми, како и несогласувања со клубот, бидејќи сакаше да се лекува во Белгија.

Во исто време, тој минуваше низ голема семејна трагедија, неговиот татко почина во септември 2025 година.

„Дефинитвно најлошата година во мојот живот. Решив да го напуштам Наполи затоа што слушнав некои работи и разбрав дека одредени одлуки веќе се донесени… Тоа е тоа. Ако веќе беше така, тогаш беше подобро за мене да си заминам“, рече Лукаку.

Тој беше особено погоден од тврдењето дека не е физички подготвен да се врати на теренот.

„Приказната дека не сум подготвен едноставно не беше вистинита. Веројатно го кажаа тоа во Италија за да ме бојкотираат, но јас сум 100 проценти подготвен за натпреварите.“

Лукаку го напушти Наполи и се пресели во Фенербахче за шест милиони евра со дополнителни бонуси, а веќе го имаше своето деби за турскиот клуб.

„Ова е ново искуство, но на добро ниво. Ми треба мотивација и затоа ова е најдобриот чекор за мене. Сакам да продолжам да играм на највисоко можно ниво. Играм во силна лига, ќе се бориме за трофеи, а можеби ќе играме и во Лигата на шампионите.“

Белгиецот има 33 години, но засега не размислува да се пензионира.

„Се надевам дека ќе ги завршам овие две години, а потоа ќе се вратам дома. И тогаш ќе бидам подготвен, дефинитивно. Секогаш велев дека сакам да играм до 2030 година, а тоа значи за Белгија. Потоа ќе дојде крајот.“

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top