Луѓе мои каков играч – Клоп воодушевен од напаѓачот на Лидс

Луѓе мои каков играч – Клоп воодушевен од напаѓачот на Лидс

пред 3 години

Ливерпул во летниот преоден рок ќе бара барем едно засилување во нападот. Најсилниот дел од тимот, оваа сезона целосно потфрли, Салах, Мане и Фирмино не беа на нивото од претходните сезони, што се почувестува во резултатите.

Медиумите тврдат дека Ливерпул во преодниот рок ќе го напушти Салах или Фирмино. Јирген Клоп е во потрага по напаѓач, а како што тврди „Атлетик“, изборот на менаџерот е голгетерот на Лидс јунајтед, Патрик Бамфорд.

Бамфорд со 15 голови е се наоѓа на шестото место на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата.

„Луѓе мои каков играч! Се сеќавам дека луѓето зборуваа дека на Ливерпул им треба вистински голгетер, дека Патрик не е доволно добар. Среќен сум што погрешија во проценките. Тој е исклучителен фудбалер, голем работник на теренот“, изјавил неодамна Клоп.

Бамфорд во кариерата играл за Нотингем форест, Челси, Мидлсброу и Лидс јунајтед. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност изнесува 18 милиони евра.

Share
Scroll to Top