Селекторот на ватерполо репрезентацијата на Хрватска, Ивица Туцак, во подкастот „Lood“ зборуваше за социјалните неправди и искривените вредности во спортот.
Трофејниот тренер ја апострофираше диспропорцијата помеѓу заработката на фудбалерите и другите професии, а коментираше и за моменталната состојба во светот.
„Седам со, можам да кажам, мојот пријател, докторот Стипе Јадријевиќ. Што прави тој човек во животот, низ што поминува. Спасува луѓе, отстранува црн дроб, трансплантации. А овој човек има милијарди евра затоа што најдобро ја шутира топката, тоа е ужасно“, рече Туцак и продолжи.
„Како ќе заврши сето ова, оваа лудост во која живееме. Ваму војни, глупости, убиства… Овде овој човек игра фудбал и заработува сто милијарди. Некој Винисиус, со сета почит кон момчето, човекот… заработува толку пари. Па од каде ова, не ме замарајте! Што почна да се случува? Ајде, милион, два, пет… или десет нешто. Јас самиот сум спортист и знам што е потребно за да се биде успешен. Но, овој заработува милијарда, а некаде луѓето умираат од глад. Предмет на потсмев на времето во кое живееме.“
Foto/ freerangestock






