ЛШ: Вардар на терен по цел месец пауза, ПИК десеткуван оди кај Порто

ЛШ: Вардар на терен по цел месец пауза, ПИК десеткуван оди кај Порто

пред 4 години

Вчера немаше изненадување во ракометната ЛШ, Барса, Веспрем и Киелце немаа проблем со своите противници. Денеска дербито е во Скопје, во „Јане Сандански“.

Вардар од 20.45 часот го дочекува Фленсбург кој е со максимални 3 од 3 на стартот на ЛШ. Се уште актуелниот европски шампион – Вардар 1961 од почетокот на сезоната мака мачи со повреди и со позитивни играчи.

Фленсбург сезонава се наметнува како кандидат за Ф4. Проблем за Вардар е што ова е прв меч за „црвено-црните“ по цел месец, откако поради пандемијата на коронавирусот беа одложени дуелите со со Елверум, односно ПИК Сегед.

Фленсбург доаѓа во Скопје без левиот бек Ласе Кјер Мелер, но на голот германскиот тим има одлично дуо – Бенјамин Буриќ и Тобјерг Бергеруд. Норвежанецот смета дека предноста за Фленсбург е што нема да има навивачи во Скопје.

Фленсбург никогаш не го победил Вардар во Скопје во ЛШ. Трипати германската екипа беше поразена, а еден меч заврши нерешено.

Порто на свој терен е голем фаворит против ПИК Сегед (мечот започнува во 20.45 часот) кој има голем број заразени играчи. И унгарската екипа, исто како и Вардар, одигра само еден меч од новата сезона во ЛШ.

Ракометарите на ПИК се вратија на тренинзи по карантинот, но тренерот Хуан Карлос Пастор се уште не може да смета на услугите на Деан Бомбач, Бенце Банхиди, Рикардо Бодо, Борут Мацковчек кои се позитивни на Ковид 19. Повредени се и Марио Шоштариќ, Лука Степанчиќ и Стефан Сигурмансон.

Порто, пак, нема вакви проблеми пред денешниот дуел.

Од истиот термин ПСЖ во Париз го пречекува Елверум. Француските шампиони против норвешкиот тим ќе бараат рехабилитација за слабиот старт во ЛШ.

Share
Scroll to Top