ЛШ: Црвена Звезда го декласира Пјуник

ЛШ: Црвена Звезда го декласира Пјуник

пред 2 години

Српскиот шампион Црвена Звезда го победи Пјуник со 5:0 во Белград и се најде на чекор до пласман во плејофот за групите во Лигата на шампионите. Осман Букари постигна хет-трик за „црвено-белите“, а погодија и Кингс Кангва и Стефан Митровиќ.

Во тимот на Пјуник во второто полувреме заигра и македонскиот интернационалец Марјан Радески.

Динамо Киев со 1:0 го совлада Штурм со голот на Олександр Караваев. Макаби Хаифа беше убедлив против Аполон и славеше со 4:0. Бодо/Глимт го декласира Жалгирис со 5:0, а Карабах и Ференцварош ремизираа 1:1.



Share
Scroll to Top