Милорад Мажиќ, раководител на одделот за судење и инспекција на Руската фудбалска федерација, откри кого го смета за најдобар судија во историјата на фудбалот.
Србинот е вработен во најголемата земја во светот од 2023 година, а во интервју за Спорт-експрес, го издвои судијата број 1.
„Без сомнение, Пјерлуиџи Колина е најдобар. Поади него јавноста и навивачите го сменија мислењето за судиите, системот, воведе конзистентност. Работел во многу земји – бев во Саудиска Арабија и САД, нема попознат судија во светот“, рече Мажиќ.
Колина ја започна својата судиска кариера во 1977 година, а се пензионираше во 2005 година. Шест години по ред (од 1998 до 2003 година), тој беше најдобриот судија во светот, избран од Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS). Во 2011 година, беше примен во Куќата на славните на италијанскиот фудбал. Од 2017 година, Колина ја води судиската организација на ФИФА.
За Мажиќ, најголемата грешка на судијата во историјата е голот на Диего Марадона во четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во 1986 година помеѓу Аргентина и Англија.
„Ако се обидеме да се дистанцираме од емоциите, првото нешто што ни паѓа на ум е „Божјата рака“ на Марадона. Судијата на теренот не виде дека играше со рака и го призна голот. Но… тоа е Марадона – сфаќате што значи. Кој го критикуваше тогаш Марадона? Никој. Сите го нападнаа судијата“, нагласи Мажиќ.
Фото/ Принтскрин