Макаби и Хапоел се враќаат во Израел

Макаби и Хапоел се враќаат во Израел

пред 3 часа

Израелските клубови ќе ги играат своите следни натпревари во Тел Авив во наредниот период.

Како што објавија бројни израелски медиуми, Макаби и Хапоел Тел Авив (најверојатно) од 1 декември 2025 година, повторно ќе ги играат сите домашни натпревари во Израел.

Оваа информација ја потврдија изворите на кошаркарскиот портал „Basket News“, кои велат дека членовите на одборот на Евролигата во вторник гласале за враќање на Израелците во Тел Авив.

Евролигата ја донесе оваа одлука откако Израел и Палестина прогласија примирје и само ги затворија очите пред сè што се случи во претходниот период.

Со официјалното враќање во Тел Авив, ќе мора да се почека, за да се види каква ќе биде ситуацијата во Израел и колку всушност ќе биде мирна.

Макаби ќе продолжи да игра домашни натпревари во салата „Александар Николиќ“ во Белград, додека Хапоел ќе игра во Софија во „Арена 8888“.

Макаби игра во Белград од октомври 2023 година.

Во оваа сезона во Евролигата, Хапоел е изедначен на првото место со резултат од 4-1, додека Макаби и Асвел се изедначени на 18-то место со резултат од 1-4.

Интересно е што единствениот триумф на Макаби беше над Хапоел во градското дерби одиграно во Бугарија.

Share
Scroll to Top