Мака за Јунајтед на самиот старт – позајмицата од Сити, Анхелињо им даде супер-гол

Мака за Јунајтед на самиот старт – позајмицата од Сити, Анхелињо им даде супер-гол

пред 3 години

Манчестер јунајтед повторно ќе мора да докажуваат дека се експерти за камбек натпревари, откако уште во втората минута губат од РБ Лајпциг со 1:0 во клучниот меч за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Само што започна натпреварот, Шпанецот Анхелињо, инаку позајмен фудбалер од Манчестер сити, им даде прекрасен гол, за со овој резултат тимот на Ред бул да ги помине „ѓаволите“ на второто место и да ги прати во Лига Европа.

Share
Scroll to Top