Македонија во баражот за СП ќе биде во третиот или четвртиот „шешир“

Македонија во баражот за СП ќе биде во третиот или четвртиот „шешир“

пред 10 часа

Англија прва од европската квалификациска зона обезбеди пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.

Европа на Мундијалот ќе биде застапена со 16 национални тимови. Ситемот е таков што директен пласман обезбедуваат 12-те победници на групите.

Останатите четири селекции од Европа ќе бидат победниците на мини-квалификациските турнири (четири екипи ќе учествуваат на секој).

12 второпласирани од квалификациите и четири победници на групите во Лигата на нации, кои нема да изборат директен пласман на Светското првенство или нема да завршат на второто место во групите, ќе играат во плејофот.

Репрезентациите кои беа победници, без оглед на тоа дали играа во Лигата на нации А, Б, Ц или Д, имаат приоритет.

Во овој момент, четирите репрезентации кои би играле во плејофот се Шведска, Македонија, Северна Ирска и Молдавија. И тие би биле во четвртиот шешир на ждрепката.

Останатите три шешири ќе бидат направени според ранг-листата на ФИФА во ноември, кога ќе завршат квалификациите.

Каква е ситуацијата во овој момент?

Италија, Турција, Украина и Полска би биле во првата „група“, Велс, Унгарија, Шкотска и Чешка во втората, а Словачка, Романија, Албанија и Косово во третата.

Инаку, доколку Македонија го освои второто место во групата, тогаш на ждрепката за баражот ќе биде во третиот „шешир“.

Ќе се игра само еден натпревар, домаќините во полуфиналето ќе бидат избрани од подобрите шешири, а екипите од првиот шешир ќе се сретнат против екипите од четвртиот шешир, а екипите од вториот ќе се сретнат со оние од третиот. Домаќинот на финалето ќе биде одреден со ждрепка.

Фото/ Фудбалска федерација на Македонија

Share
Scroll to Top