Македонија е во топ 25-те на Олимпијадата во шах во Унгарија

Македонија е во топ 25-те на Олимпијадата во шах во Унгарија

пред 3 дена

Олимпијада во шах се одржува во Унгарија, на која учествуваат и македонски натпреварувачи кои за сега се со солидни резултати.

Македонија моментално се наоѓа на 25 место на 45-тата Олимпијада во шах во машка конкуренција каде учествуваат 197 земји.

Вчера заврши 6-тото коло со победа над Хонг Конг со 4-0.

Имаме 4 победи со по 4-0 и 2 порази и тоа од моментално третопласираната Холандија со 3-1 и, како и Романија  со 2 1/2 – 1 1/2.

Остануваат уште 5 кола до крајот.

 

Share
Scroll to Top