Македонија од третиот шешир ја чека жрепката за ЕУРО 2022

Македонија од третиот шешир ја чека жрепката за ЕУРО 2022

пред 4 години

Ракометната репрезентација на Македонија од третиот шешир ќе ја чека жрепката за Европското првенство што идниот јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Избраниците на селекторот Кире Лазаров своите противници на ЕУРО 2022 ќе ги дознаат на 6 мај со почеток во 17 часот.

На континенталниот шампион ќе настапат 24 селекции поделени во 6 групи по 4 репрезентации. По две од секоја група одат во главната фаза од натпреварувањето.

Финалниот викенд е планирано да се одржи во Будимпешта со мечот за златото предвиден на 30 јануари 2022 година.

Шешир 1: Шпанија, Хрватска, Норвешка, Словенија, Германија, Португалија
Шешир 2: Шведска, Унгарија, Русија, Данска, Србија, Австрија
Шешир 3: Словачка, Македонија, Белорусија, Исланд, Чешка, Франција
Шешир 4: Холандија, Црна Гора, Украина, Полска, БиХ и Литванија

ЕХФ одреди и дел репрезентации во кои градови ќе настапуваат.

Хрватска ќе игра во групата А во Сегедин. Унгарија стартува во групата Б во Будимпешта, Словенија ќе биде фиктивен домаќин во групата Ц во Дебрецин, а Германија во групата Д, во Братислава.

Чесите ќе играат во група Е, исто така во Братислава, додека Словачка како домаќин на групата Ф ќе настапи во Кошице.
Европскиот шампион започнува на 13 јануари следната година.
Фото: РФМ

Share
Scroll to Top