Кошаркарската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во втората претквалификациска рунда за пласман на Европското првенст о во 2029 година.
Денешната ждрепка во Минхен, ја смести Македонија во Ф грушата, заедно со селекциите на Австрија и Кипар.
Пласман во квалификациите за Евробаскет 2029 ќе обезбедат победниците на четирите групи.
Натпреварите ќе се играат во три „прозорци“ на ФИБА, во август и ноември оваа година и во февруари наредната година.
Македонија е слободна во првото коло, а првиот меч во Ф групата ќе го одигра во Австрија на 30 август.
Во ноември, на 26-ти, Македонија ќе го пречека Кипар. Во февруари, македонските кошаркари ќе ја пречекаат Австрија, а циклусот ќе го завршат на гости кај Кипар.
Foto/ mkd.basketball






