Македонската одбојкарска репрезентација стигна до убедлива 3:1 (25:21, 25:23, 17:25, 25:20) победа над Белгија во второто коло од Златната европска лига, за прв триумф во натпреварувањето по убедливиот пораз од 3:0 во првиот меч против Украина.
Во првиот сет, Македонија се одвои од 22:21 за почетно водство, за потоа во вториот сет, повторно во интересна завршница да се искористат сите грершки на противникот за убедливо 2:0 водство.
Белгијците покажаа дека се сериозен тим во третиот сет, кога на почетокот направија предност од пет поени и потоа лесно го земаа сетот со 25:17. Но, тимот на Јошко Миленкоски покажа дека нема да дозволи победата да избега, за да поведе со 11:9 и 18:13 во четвртиот сет за победа.
Никола Ѓорѓиев заврши со 20 поени, пред Александар Љафтов со 16 поени. Следниот предизвик за Македонија е домашниот меч против Хрватска веќе во сабота.
Фото: ОФМ