Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

пред 3 години

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно Европско првенство.

По оние 1-1 на полувреме (18 минута 1-0 Лајнер, 1-1 28 минута Пандев) во второто полувреме Австрија со два гола успеа да и го нанесе првиот пораз на Македонија, 3-1 по 90 минути игра.

Македонскиот капитен ги одигра сите 90 минути на мечот во Букурешт:

Хронолошки, во 61 минута Николов имаше одлична шанса откако влезе од десната страна, но противничкиот голман за дел од секунда беше побрз и спречи водство на Македонија.

Три минути подоцна Столе Димитриевски е на висината на задачата, брани со парада удар со глава на Грегорич.

Се играше 74 минута, Елмас доби одлична топка на 10-тина метри од голот на Австрија, но беше одлично изблокиран.

Студен туш за нашите фанови во 78 минута. Грегорич постигнува гол по нафрлена топка од лева страна, асистент Давид Алаба.

Точка на мечот стави резервистот Марко Арнаутовиќ со 89 минута откако македонските репрезентативци тргнаа со сите сили по израмнување.

Австрија со 3 бода ја отвори групата Ц, а за нас следува во четврток ново искушение – Украина.

Вечерва од 21 часот во Амстердам Холандија ја пречекува токму Украина.

Share
Scroll to Top