Македонските кошаркарки со пораз тргнаа во квалификациите во Рига

Македонските кошаркарки со пораз тргнаа во квалификациите во Рига

пред 3 години

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска доживеа убедлив пораз со 80-62 од селекцијата на Хрватска на стартот на квалификацискиот турнир за Евробаскетот што се игра во летонска Рига.

Информациите кои доаѓаат од Летонија се дека нашите кошаркарки се преставиле во добро светло, но искуството на противничките било пресудно.

На полувремето Хрватките имаа предност од 11 поени, 46:35.

Во вториот дел предноста на фаворитките не била загрозена.

Најпрецизна во македонската селекција билл Девана Бонер со 20 поени, 17 скокови и 7 асистенции, а Митрашиновиќ додала 15 поени.

Следен противник на Македонија и е домаќинот Летонија, а натпреварот на програмата е во сабота.
Фото: КФСМ

Share
Scroll to Top