Максимовиќ си оди од Наполи, следна дестинација Фенербахче

Максимовиќ си оди од Наполи, следна дестинација Фенербахче

пред 3 години

Српскиот фудбалер Никола Максимовиќ по се изгледа ќе го напушти тимот на Наполи. Турски Фенербахче е сериозно заинтересиран за неговите услуги, па сега со доаѓањето на Месут Озил тимот од Истанбул сериозно се подготвува за напад на титулата.

Покрај Озил, „сино-црниот“ дрес го облекоа и Атила Салаи и Самуел Осаји.

Покрај дефанзивецот Максимовиќ, до крајот на преодниот рок Фенер ќе се обиде да го доведе и Муса Марега од Порто.

Вредноста на Максимовиќ во моментов се проценува на околу 15 милиони евра, а за него клубот од Неапол плати 21.000.000 евра.

Share
Scroll to Top