Малер за Јунајтед, Маунт ќе паузира неколку недели

Малер за Јунајтед, Маунт ќе паузира неколку недели

пред 9 месеци

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг нема да може да смета на новото засилување Мејсон Маунт неколку недели, откако англискиот репрезентативец се повреди на мечот со Тотенхем, во кој „ѓаволите“ доживеаја незгоден 2:0 пораз.

„Мејсон Маунт нема да игра на мечот со Нотингем форест во недела поради повреда добиена на мечот со Тотенхем. Тој ќе паузира до интернационалната пауза следнит месец“, велат од Јунајтед.

Опциите на Тен Хаг во средината на теренот се лимитирани – Фред веќе замина во Фенербахче, додека тинејџерот Коби Мејну, кој импресионираше на мечевите од пред-сезоната, исто така е повреден.

Share
Scroll to Top