Садио Мане, не е задоволен од она што го прикажал оваа сезона. Сенегалецот, на 32 натпревари во Премиер лигата има постигнато девет голови, само три од нив на „Енфилд“.
„Ова е мојата најлоша сезона во кариерата. Ако ме прашувате што не е во ред, искрено не би знаел да ви одговорам. Се трудам да бидам позитивен, но има и некои работи кои не можам да ги објаснам“, рекол Мане.
Напаѓачот на Ливерпул открил дека бил и на детални лекарски прегледи.
„Го тестирав телото. Се прашував дали правилно се хранам, дали нешто треба да сменам. Тестовите покажаа дека се е во ред. Очигледно е дека треба да сватам дека постојат подеми и падови во животот, верувам дека со напорна работа повторно ќе бидам на потребното ниво“, истакнал мане.
Ливерпул се шестти во Премиер лигата со 57 поени, шест помалку од четвртопласираниот Лестер.