Манчестер Сити има подготвено замена за Гвардиола

Манчестер Сити има подготвено замена за Гвардиола

пред 2 часа

Иако договорот на Пеп Гвардиола со Манчестер Сити важи д јуни 2027 година, постои голема можност славниот тренер да го напушти „Етихад“ на крајот од оваа сезона.

Клупските челници „не спијат“ и се чини дека главниот кандидат за негов наследник е веќе идентификуван. Станува збор за Енцо Мареска, до неодамна менаџер на Челзи. Тој пред еден месец доби отказ на „Стенфорд Бриџ“.

„Граѓаните“ се на самиот врв и оваа сезона, се борат за титулата, но неизвесноста околу иднината на Гвардиола носи немири. Фрејзер Флечер, кој откри претходно овој месец дека е „многу веројатно“ Гвардиола да замине на лето, потврди дека тоа не се само гласини.

Истакнатиот новинар и експерт за трансфери, Фабрицио Романо сега ги потврди тие извештаи, наведувајќи дека Енцо Мареска останува „јасен главен кандидат“ за наследник на Пеп Гвардиола. Романо, исто така, ги негираше неодамнешните шпекулации што го поврзуваат Италијанецот со клупата на Тотенхем.

Гвардиола сè уште не донел конечна одлука за својата иднина, но доколку одлучи да го напушти клубот, Мареска се чини дека е фаворит да ја преземе жешката позиција.

Мареска, кој работеше како помошник на Гвардиола во Сити пред да ги преземе Лестер и Челзи, се смета за природен избор. Тој длабоко ги разбира методите на работа на клубот и негува флуиден, напаѓачки стил на фудбал.

Иако беше отпуштен од Челзи во јануари, претходната сезона за него беше успешна, го предводеше клубот од „Стемфорд Бриџ“ до титулата во Конференциската лига и четвртото место во Премиер лигата, а потоа со Челзи го освои клупскиот Мундијал.

Освен Мареска, има и други познати имиња на листата на желби на Манчестер Сити. Меѓу нив се Чаби Алонсо и Сеск Фабрегас.

Андони Ираола од Борнмут, пофален за неговата енергична игра со висок пресинг, и тренерот на Порто, Франческо Фариоли, познат по својот аналитички напаѓачки пристап, исто така се споменуваат како потенцијални опции.

Засега, фокусот на Гвардиола е исклучиво нанасочен кон борбата за титулата во Премиер лигата, но наредните месеци би можеле да донесат големи промени на „Етихад“.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top