Манчестер Јунајтед заинтересиран за Алехандро Балде

Манчестер Јунајтед заинтересиран за Алехандро Балде

пред 4 часа

Алехандро Балде сака да ја напушти Барселона, а Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговиот трансфер.

Шпанскиот лев бек наводно не е убеден дека има сигурна иднина на Камп Ноу, особено по доаѓањето на Жоао Кансело.

Според информации од Шпанија, агентот на Балде, Жорге Мендеш, веќе работи на наоѓање нов клуб, а Манчестер Јунајтед се појавува како сериозна опција.

Англискиот клуб бара решение на левата страна, по неуспешниот обид да го реализира трансферот на Луис Хол од Њукасл. Балде се мачеше со повреди минатата сезона и одигра 21 лигашки натпревар како стартер.

Доаѓањето на Кансело дополнително ќе ја зголеми конкуренцијата за место во тимот.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не потврди директно дека Балде може да замине, но испрати јасна порака дека очекува максимална посветеност од сите играчи.

„Тој е играч со огромен квалитет и важно е што верува дека може да се бори за својата позиција“, рече Флик.

Сега останува да се види дали Барселона ќе биде подготвена да ги слушне понудите, но Манчестер Јунајтед веќе почна да ја следи ситуацијата и би можел да направи конкретен потег на крајот од преодниот рок.

Балде има договор до летото 2028 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 50 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top