Манчестер Јунајтед сака да го врати Мектоминеј

Манчестер Јунајтед сака да го врати Мектоминеј

пред 3 часа

Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да го врати Скот Мектоминеј на „Олд Трафорд“, наредното лето, три години откако шкотскиот репрезентативец го напушти клубот и се пресели во Наполи.

Мектоминај направи голем напредок во Италија во последните две години, но неговата иднина во Неапол сега е под знак прашалник.

Според најновите информации од Италија, преговорите меѓу Наполи и менаџерот на Мектоминеј не се движат во добра насока.

Шкотланѓанецот наводно сака договор до 2030 година и годишна плата помеѓу осум и девет милиони евра, додека Наполи во моментов не е подготвен да ги исполни неговите финансиски барања.

Бидејќи неговиот тековен договор истекува во летото 2028 година, следното лето може да биде последната шанса за Наполи да заработи сериозни пари од неговиот трансфер.

Според „Тутомеркатовеб“, а пренедуваат италијанските и англиските медиуми, Наполи би можел да побара помеѓу 25 и 30 милиони евра за Мектоминеј.

Ситуацијата внимателно ја следи Манчестер Јунајтед. Клубот од „Олд Трафорд“, веќе покажал интерес за можноста за негово враќање, а меѓу заинтересираните се споменува и Астон Вила. Според достапните информации, Мектоминеј е отворен за враќање во Премиер лигата.

Во летото 2024 година, Мектоминеј го напушти Манчестер Јунајтед и се пресели во Наполи за околу 30 милиони евра. Одлуката брзо се покажа како одлична за италијанскиот клуб.

Веќе во првата сезона, Мектоминај постигна 12 гола во Серија А, му помогна на Наполи да ја освои титулата италијански шампион, а на крајот од сезоната беше прогласен за најкорисен играч на Серија А.

Во сезоната 2025/26 продолжи да игра во одлична форма. Во Серија А постигна 10 гола и забележа три асистенции, а во сите натпреварувања таа сезона имаше 44 настапи, 14 гола и три асистенции.

Од неговото доаѓање во Наполи до почетокот на октомври 2026 година, Мектоминеј одигра 82 натпревари за клубот и учествуваше во 37 голови, односно постигна 27 гола и додаде десет асистенции.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top