Американските сопственици на Манчестер јунајтед, семејство Глејзер, сакале да го продадат клубот од „Олд Трафорд“.
Британските медиуми објавија дека семејството Глејзер за Јунајтед бара 3,75 милијарди фунти (4,34 милијарди евра).
Продажбата на Јунајтед би можела да заврши до крајот на годината, а меѓу потенцијалните купувачи е и еден од најбогатите Британци, Џим Ретклиф, голем фан на клубот од Манчестер.
Британските медиуми наведуваат дека интерес за Манчестер јунајтед покажале и од владејачкото семејство на Дубаи.
Семејството Глејзер стана сопственик на Манчестер Јунајтед во 2005 година. Навивачите се незадоволни од начинот на кој тие го води клубот и постојано бараат Јунајтед да добие нов сопственик.