Манчестер јунајтед ја одреди цената за Санќо

Манчестер јунајтед ја одреди цената за Санќо

пред 4 месеци

Манчестер јунајтед не го планира Џејдон Санчо за следната сезона. Крилниот напаѓач поради несогласувањата со менаџерот Тен Хаг, во првиот дел од сезоната беше отстранет од тимот, а вториот дел го мина на позајмица во поранешниот клуб, Борусија Дортмунд.

„Челниците на Манчестер јунајтед, без оглед на тоа кој ќе биде тренер, сакаат да го продадат Санчо“, пишува Би-би-си.

Борусија Дортмунд сака Санчо да остане во клубот и следната сезона и ќе се обиде да го доведе англискиот фудбалер на нова позајмица.

Манчестер јунајтед сака целосно да го продаде играчот, бидејќи ќе има ограничена сума за летниот преоден рок поради финансискиот фер-плеј.

Санчо во јули 2021 година од Дортмунд се пресели во Јунајтед за 73 милиони фунти, а со англискиот клуб има договор до 2026 година.

За 24-годишниот напаѓач беше заинтересиран и Јувентус.

Share
Scroll to Top