Манчини: Жал ми е за Балотели, го сакам!

Манчини: Жал ми е за Балотели, го сакам!

пред 3 години

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини изјави дека жали што екс-играчот на „Азурите“, Марио Балотели не може да пронајде клуб.

Манчини со „Супер Марио“ соработуваше во Интер и во Манчестер Сити, а тој е и последниот селектор кој му овозможи шанса на фудбалерот да игра за националниот тим, во 2018 година.

Балотели без клуб е откако го раскина договорот со Бреша, на крајот на минатата сезона, а Бреша се пресели во Серија Б.

„Многу ми е жал, тој сега има 30 години и е на врвот на својата техничка зрелост. Жал ми е што е во ваква ситуација и што не може да пронајде клуб. Не беше на задоволителното ниво во текот на минатата година. Неговите технички карактеристики би биле корисни за селекцијата. Секогаш се надевам дека нешто ќе пронајде, го сакам, го запознав уште додека беше дете“ – рече Манчини.

Балотели покрај Бреша во кариерата играше и за Интер, Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј. За „Азурите“ има 36 настапи.

Share
Scroll to Top