Манчни ќе си поднесе оставка, Канаваро ќе биде новиот селектор

Манчни ќе си поднесе оставка, Канаваро ќе биде новиот селектор

пред 3 години

„На знам дали и понатаму ќе бидам селектор. Тешко ми е, ова е најтешкиот момент во мојот живот, не можам сега да размислувам за иднната“, изјави разочарано Роберто Манчини, по елиминацијата на Италија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

Манчини, со Фудбалската федерација на Италија, има договор до 2026 година. Италијанската јавност очекува дека Манчини ќе поднесе оставка во вторник, по натпреварот со Турција.

Медиумите пишуваат дека Сојузот нема да му врачи отказ, туку дека тој ќе си поднесе оставка.

Ден по поразот од Македонија во Палермо (0:1), медиумите пишуваат дека новиот италијански селектор ќе биде Фабио Канаваро. Доколку се случи тоа, според овие извори легендарниот Марчело Липи ќе стане директор на националниот тим и ќе му помага на Канаваро.

Со Липи на клупата и Канаваро на теренот, Италија во 2006 година стана светски првак.

Тренерската кариера Канаваро ја започна во Кина, во еден период беше и селектор на репрезентацијата на оваа земја. Канаваро, во септември минатата година, си поднесе оставка и замина од Гуангжу.

Share
Scroll to Top