Мараш го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Мараш го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

пред 4 години

Еурофарм Пелистер и ракометарот Матео Мараш ја продолжија соработката за уште две сезони. Хрватскиот интернационалец, во Битола ќе остане до јуни 2023 година.

20-годишниот десен бек дојде минатото лето на позајмица во Битола.

„Сакам да му се заблагодарам на клубот. Првите шест месеци минаа многу убаво, беше прилагодување, но се чувствувам убаво тука. Играме многу добро, клубот покажува дека е на високо европско ниво, што може да се види низ натпреварите во Лига Европа и натпреварите кои ни претстојат, а на кои сакаме да покажеме кој е нашиот вистински квалитет. Имаме мала хрватска колонија тука во Битола. Имаме голем број интернационалци и многу добро сме сложени во тимот. Добро се согласуваме, добра клапа сме и пријатно е да се тренира и да се биде во овој клуб“, изјавил Мараш.

Со овој потег продолжува тенденцијата на Еурофарм Пелистер, започната во јануари, со продолжувањето на договорот со Мандалиниќ и во февруари со тренерот Жељко Бабиќ.

Share
Scroll to Top