Мареј го украде шоуто на Јокиќ, вечер на топ партии за Адетокумбо и Букер

Мареј го украде шоуто на Јокиќ, вечер на топ партии за Адетокумбо и Букер

пред 4 години

Никола Јокиќ со нов трипл дабл ги предводеше Денвер Нагетс до нов триумф во НБА лигата на гостувањето кај Кливленд Кавалирс со 120-103. Српскиот центар имаше учинок од 16 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Сепак неговото постигнување остана во сенка на клупскиот колега Џемал Мареј кој имаше рекорд на кариерата – 50 поени, надополнети со 6 скока.

Одличен кај Нагетси беше и Мајкл Портер со 22 поени, а двоцифрен беше и Факундо Кампацо.

Кај Кавалирси најефикасен беше Секстон со 23, односно Ален со 20 поени.

Сјајна партија за Малвоки против Оклахома имаше Јанис Адетокумбо кој мечот го заврши со 29 поени и дури 19 скока, заедно со 8 асистенции. Крис Мидлтон уфрли 20 поени во триумфот од 98-85 против Тандерси.

И Феникс продолжи со одличните партии предводен од Девин Букер. Тој повторно беше најефикасен кај Сонцата со 23 поени, колку што на спротивната страна уфрли младиот Зајон Вилијамсон, па Феникс славеше со 132-114.

Ова се сите ноќешни НБА резултати:

Кливленд – Денвер 103-120
Орландо – Голден Стејт 124-120
Бостон – Атланта 121-105
Филаделфија – Чикаго 112-105
Мемфис – Детроит 109-95
Милвоки – Оклахома 8-85
Њу Орлеанс – Феникс 114-132
Минесота – Торонто 81-86
Лос Анџелес Клиперс – Јута 116-112

Share
Scroll to Top