Се уште се водат полемики за тоа кој од најдобрите светски тенисери е ментално најсилен. Британецот Енди Мареј смета дека Рафаел Надал е во предност во однос на Новак Ѓоковиќ.
„Токму за тоа разговарав со Новак кога двајцата имавме `лајв` на Инстаграм. Му реков тогаш дека имаше периоди во неговата кариера кога тој бил ментално посилен од Рафа“ рече Мареј.
Сепак, кога се ќе се земе во предвид, Шкотланѓанецот тврди дека Шпанецот има поголема ментална сила од Србинот.
„Ако ја гледаме кариерата како целина, секој меч на секој турнир е кариера. Минатата недела зборувавме за тоа каква е менталната состојба на Новак во целина, како се чувствува. За тоа никогаш не сме загрижени кога е Надал во прашање, никогаш не мислам дека нему ќе му биде проблем мотивацијата или менталниот аспект на играта. Затоа сметам дека Рафа е ментално посилен играч“ додаде Мареј.
Едно е сигурно, овие зборови нема многу да им се допаднат на навивачите на српскиот ас.