Мареј признава: Малкумина веруваа дека Новак може до 20 гренд слема

Мареј признава: Малкумина веруваа дека Новак може до 20 гренд слема

пред 3 години

Поранешниот гренд слем шампион, Енди Мареј се подготвува за САД опен со тренинзи со светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ и во интервју тврди дека и покрај ол-раунд играта на Србинот малкумина предвидувале дека Србинот ќе дојде до 20 гренд слема.

Според Шкотланѓанецот, кој е близок пријател со Ѓоковиќ од јуниорските денови, многумина ја посочувале физичката подготвеност на Ѓоковиќ, но дека тој направил неверојатни подобрувања во кариерата за да стане „комплетен тенисер“.

„Со Новак сите знаеја дека има квалитет на теренот, солидна ол-раунд игра. Но, малкумина предвидуваа дека може да стигне до 20 гренд слем титули. Ако ја погледнете неговата игра во текот на годините, работите кои ги има подобрено и како стана комплетен тенисер, тоа е неверојатно. Игра одлично на сите подлоги, има фантастичен сервис, најдобар ретурнер на светот е. Имаше неверојатна флексибилност, способност да ги брани аглите. Не дека, Роџер или Рафа не се бранеа добро, но адутот на Новак е неговото движење кое е целосно уникатно. Начинот на кој може да се излизга на бекхенд дури и на хардкорт терени, значи дека за него теренот е помал“, оценува Мареј.

Share
Scroll to Top