Мареј: Хамилтон заслужува да стане витез

Мареј: Хамилтон заслужува да стане витез

пред 3 години

Британските медиуми, во изминатите денови, пишуваат дека Луис Хамилтон ќе биде одликуван од кралицата. Енди Мареј, смета дека Хамилтон заслужува да стане витез, но не е сигурен дали спортистите треба да ја добиваат ова награда.

Хамилтон, зад себе, има уште една брилијантна сезона во Формула 1, ја освои седмата титула и се израмни на вечната листа со Михаел Шумахер, а стана и возачот со најмногу победи во овој спорт.

„Не сум сигурен дека ние спортистите треба да ја добиваме оваа награда за она што го работиме“, рекол Мареј, кој од кралицата ја доби титулата витес во 2017 година.

„Сепак доколку погледнеме што се направил Луис како спортист, тој заслужува да ја добие наградата. Тој е еден од најуспешните спортисти во историјата на оваа земја. Исклучителен возач. Во нормалниот живот организира разни акции. Секако дека заслужи да стане витез“, рекол Мареј.

Доколку пишувањата на медиумите се покажат како точни, тогаш Хамилтон во новата година ќе влезе со титулата Сер.

Share
Scroll to Top