Марио Геце пред потпис со ПСВ Ајндховен

Марио Геце пред потпис со ПСВ Ајндховен

пред 4 години

Марио Геце е пред трансфер во холандскиот ПСВ Ајндховен откако се раздели со својата Борусија Дортмунд како слободен играч по многубројните проблеми кои ги имаше со повредите и со падот на формата.

28-годишниот Геце, херојот на Германија од Светското првенство во 2014 година, ќе се обиде да има свеж старт со ПСВ откако вториот период во БВБ не му помина најдобро и имаше само 21 настап минатата сезона со вкупно 609 минути, во кои постигна 3 гола и имаше 1 асистенција.

Борусија реши да не му го продолжи договорот, и Геце беше поврзуван со повеќе клубови, како Милан, Фиорентина, Монако и Херта Берлин, но сега тој велат дека ќе се приклучи на ПСВ, каде што ќе игра покрај неколку поранешни бундеслигашки фудбалери како Филип Макс, Тимо Баумгартл и Адријан Фајн.

Share
Scroll to Top