Марка: Реал прифатија дека потписот на Мбапе ова лето е „невозможен“

Марка: Реал прифатија дека потписот на Мбапе ова лето е „невозможен“

пред 11 месеци

Реал Мадрид се откажале од можноста да го добијат Килијан Мбапе ова лето и покрај шпекулациите дека францускиот клуб е подготвен да ја продаде својата прва ѕвезда за огромна сума, тврди „Марка“.

Сагата помеѓу Реал и Мбапе има своја историја, откако Французинот се повлече од договорениот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ за да потпише нов договор со Пари Сен-Жермен, но сега на една година од крајот на неговиот договор, ситуацијата повторно е сменета. Француските медиуми тврдеа дека ПСЖ бара 240 милиони евра за договор, сума која речиси ниту еден клуб на светот не е подготвен да ја даде.

Според „Марка“, Мбапе е во „златен кафез“ во Париз, бидејќи е заробен од катарските милиони се откажал од фудбалските остварувања. Тие додаваат дека Мбапе не сака да го загуби огромниот бонус кој му е ветен за комплетирање на договорот до 2024 година, така што Флорентино Перез и Реал Мадрид се подготвени да чекаат до следното лето.

Share
Scroll to Top