Во тунелот на стадионот „Местаља“ на полувремето од натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид (Реал победи со 3:0), се случил инцидент во кој учествуваа спортскиот директор на Валенсија, Браулио Васкез, и играчите на Реал Мадрид, Џуд Белингам и Антонио Ридигер. Тензиите кулминираа во физички конфликт, а од Валенсија тврдат дека постои видео на кое се гледа како Ридигер удира еден член на обезбедувањето.
Сè, според „Марка“, се започнало откако судијата означил крај на првото полувреме, кога спортскиот директор на Валенсија, Браулио Васкез, гласно протестирал кон првиот помошен судија. „Не е фаул, туку чист дуел, неверојатно“, извикал Васкез.
Во тој момент, додека неколку играчи на Валенсија влегувале во соблекувалната, пристигнале и тројца играчи на Реал Мадрид. Ситуацијата ескалирала кога Џуд Белингам започнал да го влече Васкез за оделото за да го оддалечи од судијата.
По реакцијата на Белингам, избувнало масовно туркање на играчите. Тројца обезбедувачи интервенирале и се обиделе да ги насочат играчите на Реал Мадрид кон нивната соблекувална. Во мешаницата летнале и неколку тупаници, а Антонио Ридигер со бокс удрил еден од обезбедувачите во лицето, кои ги разделувале спротивставените страни.
| Según informa @Generaldepie_, hubo tangana al descanso en los vestuarios de Mestalla.
Bellingham y Rüdiger llegaron a golpear al personal de seguridad
Valencia – Real Madrid pic.twitter.com/L2eG0KUoXn
— Laliga News (@laligaa_neews) November 7, 2026
Во толпата се појавил и Конате, кој неколку пати извикал „Смирете се!“ и се обидел да спречи понатамошна ескалација.
Кога тензиите се смириле, луѓето од обезбедувањето го известиле судијата дека дефанзивецот на Реал Мадрид физички ги нападнал. Од Валенсија тврдат дека имаат снимка од целиот настан и изразуваат изненадување што тие детали не се внесени во официјалниот записник. Видеото, како што тврдат, јасно покажува тензија и бројни тупаници и турканици.
Во својот извештај, главниот судија не навел дека имало физичка пресметка и се фокусирал исклучиво на протестите на спортскиот директор на Валенсија.
„За време на паузата, во тунелот кон соблекувалните, спортскиот директор на Валенсија, г-дин Браулио Хесус Васкез Бенитез, предизвика инцидент. Тој му се приближи на мојот прв асистент и постојано му се обраќаше со повишен глас со зборовите: „Не е фаул, не е фаул! Неверојатно!““, пишува во записникот.
Судијата додаде: „Исто така, кога поминав покрај него, тој ми се обрати со истите зборови неколку пати со многу агресивен став. Поради таа ситуација, националната полиција мораше да интервенира. Полициските службеници го идентификуваа и мораа физички да го совладаат и да го отстранат од местото на настанот за да го прекинат инцидентот.“
Foto/ Depositphotos

| Según informa 

Bellingham y Rüdiger llegaron a golpear al personal de seguridad
Valencia – Real Madrid 




