Маркез ќе вози во Катар

Маркез ќе вози во Катар

пред 3 години

Шесткратниот светски првак во Мото ГП, Шпанецот Марк Маркез, се наоѓа на списокото возачи за трката на Големата награда на Катар. На крајот на месецов, од Катар ќе започне новата сезона во Мото ГП.

Маркез, ја пропушти минатата сезона, откако на првата трка се здоби со фрактура на надлактицата. За да санира повредата, Шпанецот имаше три операции. По последната операција во декември минатата година, лекарите рекоа дека на Маркез ќе му бидат потребни шест месеци за да се врати на патеката.

Маркез, вчера, најави дека има големи шанси да ја започне сезоната, а денес тоа го потврдија и од неговиот тим, Репсол Хонда.

Share
Scroll to Top