Маркос Алонсо се враќа во Шпанија, ќе игра за Атлетико

Маркос Алонсо се враќа во Шпанија, ќе игра за Атлетико

пред 3 години

Маркос Алонсо, членот на шампионската генерација на Челси под водство на Антонио Конте, заминува од „Стенфорд Бриџ“. За Шпанецот нема место во плановите на менаџерот Френк Лампард, кој на позицијата лев бек го има Бен Чилвел , а негова алтернатива е Емерсон Палмиери.

Алонсо се враќа во татковината, каде до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид.

Клубовите кои ќе се сретнат во осмина-финалето, во Лигата на шампионите, веќе се договориле Алонсо да игра како позајмен играч на „Ванда Метрополитано“.

Атлетико до крајот на сезоната ќе покрива 50 отсто од платата која ја има Алонсо во Челси.

Маркус Алонсо има договор со Челси до јуни 2023 година.

Share
Scroll to Top