Маркос Рохо дознал дека Јунајтед го „шутнале“ преку социјалните мрежи

Маркос Рохо дознал дека Јунајтед го „шутнале“ преку социјалните мрежи

пред 3 години

Аргентинецот Маркос Рохо дознал дека неговата кариера како фудбалер на Манчестер јунајтед е завршена преку социјалните мрежи, тврди американскиот „ЕСПН“.

30-годишниот Рохо чекал официјален одговор од Јунајтед дали ќе ја искористат опцијата и ќе го продолжат договорот за 12 месеци до 2022, кога менаџерот Оле Гунар Солскјер на прес-конференција објави дека тој ќе замине. По шест и пол години на „Олд Трафорд“, Рохо потпиша постојан договор со Бока јуниорс.

Луис ван Гал го донесе Рохо за 16 милиони фунти во 2014 година од Спортинг Лисабон, пред во 2018 година да потпише тригодишен договор, по кој одигра само 12 меча за „ѓаволите“. Тој вкупно има 122 настапи за Јунајтед.

Share
Scroll to Top