Марко: Ауди му нуди голема плата на Саинц

Марко: Ауди му нуди голема плата на Саинц

пред 8 месеци

Консултантот во Формула 1 тимот Ред Бул, Хелмут Марко, за време на тркачкиот викенд во Кина потврди дека австрискиот тим разговарал со возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор за можноста тој да се врати во тимот.

Ред Бул продолжи со доминантните изданија во новата сезона, Макс Ферстапен триумфираше на денешната, додека на подиумот, како трет се искачи и Серхио Перез.

Договорот што Мексиканецот го има со Ред Бул истекува на крајот од сезоната, па тимот разгледува и други опции за 2025 година.

Едена од најпримамливите е Саинц, кој од следната година во Ферари ќе биде заменет со асот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

„Точно е, разговаравме со Карлос. Тој има многу богата понуда од Ауди (кој влегува во Формула 1 преку Заубер), пунида на која ние не можеме да и парирам. Не можеме да му понудиме толкава плата“, изјави Марко за „Клајнце Цајтунг“.

Саинц ја започна својата Формула 1 кариера во Торо Росо (тимот сега наречен РБ), развојниот тим на Ред Бул. Шпанецот настапуваше и за Рено и Мекларен, а оваа сезона триумфираше во Австралија.

Share
Scroll to Top