Марк Маркез „врза“ три пол-позиции за прв пат од 2019 година

Марк Маркез „врза“ три пол-позиции за прв пат од 2019 година

пред 3 дена

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата во квалификациите за трката во Мото ГП класата во Остин, Тексас. За повеќекратниот светски шампион ова е трета пол-позиција од почетокот на сезоната.

За прв пат од 2019 година, Шпанецот врза три пол-позиции, а во недела ќе има можност да врзе три триумфи на трки за прв пат по истата година.

Маркез постави време од 2.01.088, втор беше Фабио Диџанантонио (ВР46), а трет братот на Марк, Алекс Маркез (Гресини).

Педро Акоста го освои четвртото место, Франко Морбидели петто.

На шестото место се најде поранешниот светски шампион Франческо Бањаја, а зад него се Лука Марини и Џоан Мир.

Спринтот во Остин ќе започне во 21:00 часот.

Share
Scroll to Top