Мароканец се обиде да го копира Мајк Тајсон

Мароканец се обиде да го копира Мајк Тајсон

пред 3 години

Боксерот од Мароко, Јунес Бала, се обиде да го повторни неспортскиот потег на Мајк Тајсон од култниот меч со Ивандер Холифилд. Бала сакаше да му го гризне увото на својот противник од Нов Зеланд, Дејвид Нике.

Во момент кога Нике го притисна противникот во аголот, Бала со крајно неспортски потег се обиде да се извлече од таа ситуација. За среќа, не успеа во намерата, веројатно поради тоа што носеше заштитна гума за забите. Заовој потег Бала мина без казна.

На крајот Ника славеше на поени и се пласираше во наредната рунда.

Share
Scroll to Top