Марсело ќе биде ставен на трансфер-листата

Марсело ќе биде ставен на трансфер-листата

пред 3 години

Заменик капитенот на Реал Мадрид, Марсело, по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот. „Ел Чингирито“, тврди дека 32-годишниот фудбалер ќе биде ставен на трансфер-листата.

Поранешниот бразилски репрезентативец има договор со Реал до крајот на сезоната 2021/2022. Во Реал дојде од Флуминенсе во 2007 година. Со Реал има освоено 22 трофеи, четири од нов во Лигата на шампионите.

Марсело, во кариерата за Реал, одиграл 517 натпревари, постигнал 38 гола, забележал 100 асистенции.

Оваа сезона, Бразилецот речи и да не игра, бидејќи тренерот Зинедин Зидан, има целосна доверба во Ферлан Менди.

Share
Scroll to Top