Марсијал ќе се врати во Јунајтед, нема заинтересирани за трансфер

Марсијал ќе се врати во Јунајтед, нема заинтересирани за трансфер

пред 2 години

Манчестер јунајтед го очекуваат Антони Марсијал на почетокот на тренизните пред новата сезона, откако немаше интерес за него на почетокот на летниот преоден рок, тврди „МЕН“.

Французинот дојде во Јунајтед за 36 милиони фунти како 19-годишник од Монако во 2015 година, но не успеа да ги оправда големите очекувања, за во јануари да биде пуштен на позајмица во Севилја, кои решија да не го задржат. 26-годишниот Марсијал има договор со Јунајтед до 2024 година и заработува одлични 240.000 фунти неделно.

Новиот менаџер Ерик Тен Хаг е во потрага на уште еден напаѓач во летниот преоден рок, со Антони од Ајакс како голем кандидат, но сега ќе мора да смета и на Марсијал, кој ќе треба да го импресионира за да добие нова шанса.

Share
Scroll to Top