Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, го обајави списокот на фудбалери за ЕУРО 2020. Белгија со Ромелу Лукаку, Кевин Де бријне, Тибо Куртоа и Еден Азар е во најтесниот круг на фаворити за освојување на титулата.
Мартинез, се реши веднаш да го објави конечниот спискот. УЕФА им дозволи на селекторите на ЕУРО 2020 да пријават 26 фудбалери, со тоа што тројца ќе патуваат со тимот, но ќе бидат резерви и нема да бидат меѓу оние кои ќе бидат на теренот или меѓу резервите.
За секој случај, Мартинез има и неколку резерви, во случај некој од 26 мината да се повреди на подготвките. На тој список се Јанузај, Саламекерс, Локонга, Камински, Џордан Лукаку, Мекеле, Де Кателар, Вершарен, Хајнен и Ванхаусен.
Одбраната може да биде најголем проблем на Белгија, бидејќи во овој дел од тимот вистинска ѕвезда е само голманот Тибо Куртоа.
Белгија на ЕУРО 2020 е сместена во Б-групата заедно со Данска, Русија и Финска.