Мата и Манчестер јунајтед преговараат за нов договор

Мата и Манчестер јунајтед преговараат за нов договор

пред 3 години

Хуан Мата ги започнал преговорите со Манчестер јунајтед околу продолжувањето на соработката. Договорот на 34-годишниот Шпанец, со Јунајтед, истекува на 30.јуни.

Мата и покрај тоа што не играше многу изминатата сезона, би можел да остане на „Олд Трафорд“. Клубот има намера да го задржи искусниот фудбалер. Повеќе информации се очекуваат во наредните денови.

Покрај Мата, во клубот веројатно ќе останат и третиот голман Ли Грант и малдиот одбрамбен фудбалер, Пол Вулстон.

За разлика од овие тројца, клубот сигурно ќе го напуштат осум фудбалери: Серхио Ромеро, Џејкоб Карни, Марк Хелм, Жоел Переира, Арнау Пуѓмал, Макс Тејлор и Алиу Траоре.

Според медиумите, сигурно е дека уште некој од оние попознати фудбалери ќе си замине од Манчестер јунајтед.

Манчестер јунајтед, минатата сезона, ја заврши на второто место во Премиер лигата, а во Лига Европа стигна до финалето, каде со 11:10, по изведувањето на пенали, доживеа пораз од Виљареал.

Share
Scroll to Top