Матета го известил Кристал Палас дека сака да го напушти клубот

Матета го известил Кристал Палас дека сака да го напушти клубот

пред 2 часа

Францускиот фудбалер, Жан-Филип Матета го известил Кристал Палас дека сака да го напушти клубот, бидејќи за него се заинтересирани неколку тимови од Премиер лигата и Јувентус, објавија британските медиуми.

На Матета му остануваат уште 18 месеци од договорот со Кристал Палас, а како што стојат работите во моментов, нема планови за продолжување на соработката, објавува Би-Би-Си.

Италијанскиот гигант Јувентус се обиде да го потпише напаѓачот овој месец. Јувентус го сакаше Матета на позајмица со задолжителен откуп на договорот по завршувањето на сезоната, но и покрај тоа што фудбалерот ги прифати условите, од Кристал Палас јасно порачаа дека Матета може да заине за сум од околу 40 милиони евра.

Интерес покажа и Астон Вила, која го следи Матета долго време и ја разгледува можноста за трансфер во овој преоден рок.

Тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, минатата недела призна дека клубот разгледува понуди за Французинот.

„Ќе има цена што Кристал Палас ќе ја прифати, со оглед на тоа што му остануваат уште 18 месеци од договорот. Ако Матета го сака тоа и некој ја плати таа цена, зделката ќе биде склучена. Ако не, тој останува“, рече австрискиот стручњак.

Палас, кој го освои ФА Купот во мај, веќе го продаде клучниот играч за врска Еберечи Езе на Арсенал во текот на летото, додека пред неколку дена остана и без капитенот Марк Гуехи, кој се пресели во Манчестер Сити за 20 милиони фунти.

Гласнер минатата недела објави дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, а по поразот од Сандерленд во саботата, тој го нападна раководството на клубот, тврдејќи дека тимот бил „напуштен“ поради лоша стратегија за трансфери.

Share
Scroll to Top