Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус ги советува челниците на Баерн, во зимскиот преоден рок да го продадат Кингсли Коман, а во исто време да направат обид да го задржат Лирој Сане.
Баерн суверено владее во Бундеслигата и по победата над Пари Сен Жермен навестува дека ќе се пласира во нокаут фазтата во Лигата на шампионите. Во исто време, шефовите на спортскиот сектор, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, наголемо работа на летниот преоден рок.
Младата ѕвезда на Баер, Флоријан Вирц е на врвот на листата, но за него треба да издвојат најмалку 100 милиони евра. Доколку сакаат да го реализираат овој трансфер, а ќе биде тешко бидејќи за Вирц интерес покажа и Реал Мадрид, Надзорниот одбор очекува приходи од продажба на фудбалери веќе во претстојниот преоден рок во јануари.
Кандидатите за продажба се Кингсли Коман (договор до 2027 година), Леон Горецка (до 2026 година) и Серж Гнабри (до 2026 година).
Легендата на Баерн со најмногу натпревари во германската репрезентација, Лотар Матеус, го советува поранешниот клуб прво да го продаде Коман и да го продолжи договорот со Лерој Сане, кој истекува во јуни.
„Сане треба да се задржи, но со намалена плата. Тој добро се согласува со тренерот Компани. Коман не е неопходен за тимот и треба да се продаде во зимскиот преоден рок“.
Францускиот репрезентативец одигра 309 натпревари од летото 2017 година, постигна 67 голови и забележа 68 асистенција. Запаметен по победничкиот гол против Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година.