Матеус: Марадона ми испрати поздрави и торба полна со пари

Матеус: Марадона ми испрати поздрави и торба полна со пари

пред 3 години

Славниот германски фудбалер, Лотар Матеус, во едно интервју зарскажал една случка од минатото, во која главен лик бил неодамна починатиот Диего Марадона.

Матеус за „Билд“, рекол дека лично Марадона во Минхен испратил делегација, која требалод а го убеди Матеус да потпише за Наполи. Тоа се случувало еден месец по завршувањето на Светското првенство во 1986 година, кое заврши си триумф на Аргентина.

„Диего во Германија испрати делегација од Наполи во Минхен. Бевме во еден ресторан, кој вообичаено не работеше во сабота, но поради нашиот состанок беше отворен. Кога се вратив од Келн, околу 21 часот, мене и мојот менаџер не чакаше торба полна со пари“, раскажал Матеус и дополнил.

„Менаџерите на Наполи ми ги пренесоа поздравите на Марадона. Во торбата имаше 1.000.000 марки. Тоа беше три пати повеќе од она што го заработував во Баерн. Бара да потпишам за Наполи. Ја одбив понудата, но ме импресионираше гестот на Диего“.

Матеус, неколку години подоцна се пресели во Серија А, но не во Наполи туку во Интер. Матеус заедно со сонародниците Андрес Бреме и Јирген Клинсман на Интер му ја донесоа титулата во 1990 гофина.

Истата таа година, Германија предводена од Матеус, во финалето на СП, ја победи Аргентина со Марадона.

Share
Scroll to Top