Матеус: Халанд е подготвен за поголем клуб од Борусија

Матеус: Халанд е подготвен за поголем клуб од Борусија

пред 3 години

Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус смета дека Ерлинг Халанд веќе нема да заигра за Борусија Дортмунд бидејќи 20-годишниот норвешки ас ќе го направи „следниот чекор“ во својата кариера.

Иако во Дортмунд пристигна минатата зима од Ред бул Салцбург, според Матеус следниот трансфер ќе биде многу бргу.

„Позитивноста со која зрачи се одразува на целиот тим, и мислам дека кога ќе дојде времето, многу бргу, тој веќе нема да заигра за Борусија Дортмунд и ќе направи чекор кон поголем клуб. Тој е подготвен, иако сите во Бундеслигата се горди што тој е кај нас. Напаѓач кој лета, кој носи позитивна енергија дури и кога не постигнува голови“, вели Матеус.

За Халанд подолго време се заинтересирани во Манчестер јунајтед, каде што сега менаџер е неговиот поранешен тренер од норвешкиот Молде, Оле Гунар Солскјер.

Share
Scroll to Top