Немања Матиќ, за „Вечерње новости“, проговорил за шансите на Манчестер јунајтед во борбата за титулата во Премиер лигата. Матиќ, во кариерата два пати бил шампион на Англија со Челси, додека Јунајтед последен пат во 2013 година ја освоиле шампионската титула. Во опширното интервју тој открил и кој му бил најтешкиот противник во Премиер лигата.
„Секогаш сакам да играм против најсилните екипи, тие се најтешки противници. Од играчите, вистински предизвик беше да се игра против Јаја Туре. Веројатно е најдобриот ривал против кого сум имал можност да играм“, рекол Матиќ.
Манчестер јунајтед, утре, во дербито на колото ќе гостува кај Лестер (13.30 часот). На табелата „црвените ѓаволи“, со натпревар помалку, заостануваат за д лидерот Ливерпул пет бода.